Рускиот фудбалски прволигаш Уфа може да биде продаден и да го смени името. Според неколку извори клубот од главниот град на република Башкортостан може да стане нов член на семејството Ред Бул. Компанијата која поседува неколку клубови во светот сака да го шири својот бренд преку фудбалот, па ја пикирала Русија за следна дестинација за инвестирање. Токму Уфа еден од помладите членови на рускиот фудбал (постои 10 години) може да летне со крилата на австриската компанија за енергетски пијалоци.

Компанијата Ред Бул веќе поседува неколку клубови како Салцбург и Лиферинг од Австрија, Лајпциг од Германија, Њујорк од САД, Ред Бул Гана од Африка, Брагантино од Бразил и два тима во Формула 1. Компанијата сака да освојува нови пазари па така Русија и се гледа како интересна дестинација. Уфа им е пик.

Медиумите пишуваат дека за Уфа е заинтересиран и „Сити фудбал холдинг“ која е сопственик на Манчестер Сити, исто така има клубови во САД, Австралија, Индија, Јапонија, Уругвај, Кина и од неодамна клуб од Белгија.

Па така Уфа доколку биде продадена на некоја од овие компании ќе го промени и името. Дали тоа ќе биде Ред Бул Уфа или РБ Уфа или Уфа Сити останува да видиме.

Клубот се потпира на млади фудбалери, нема голем буџет, а работи на принципот создади фудбалер и продади го за голема сума. Токму таквата работа со млади играчи е примамлива за овие две моќни компании.