Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изјави дека Пол Погба и Маркус Рашфорд се подготвени да ја продолжат сезоната. Рашфорд имаше проблеми со повреда на грбот, додека Погба имаше болки во стапалото.

„Тие изгледаат добро, се приклучија на тренинзите и направија се што беше потребно. Кога првенството ќе продолжи, сите играчи ќе бидат подготвени”, изјави Солскјер.

„Црвените ѓаволи“ работеа во мали групи минатата недела и се очекува да продолжат со тренинзи во групи веќе утре.

„Момците се фантастични. И времето е убаво, затоа уживаме во тоа. Се надеваме дека наскоро ќе можеме да направиме уште еден чекор кон остатокот од сезоната“.

Проблем за Јунајтед би можел да биде враќањето на Одион Игало, кој мора во Кина, бидејќи неговиот договор за заем истекува на 31 мај.