Во гласањето на навивачите кое траеше неколку дена, за најдобар потег во историјата на АБА лигата е прогласена тројката на Душан Кецман во победата над Цибона.

Тој легендарен потег во сезоната 2010, во преполната Арена во Згареб е најдоброто нешто видено во оваа регионална лига која ете опстојува веќе низа години и тоа со успех. Неодамна беше десетгодишнина од тој меч и овој легендарен потег, а истиот доби дури 58% од гласовите.