ФК Ренова попладнево се произнесе со свој став околу одлуката на ФФМ за продолжување на прекинатата сезона 2019/20 во Првата лига. “Гипсарите“ за разлика од некои други клубови имаа ист став и на двата собири на челниците на Федерацијата со претставниците на клубовите.

Соопштението на ФК Ренова ви го пренесуваме во целост:

Врз основа на одлуката донесена денеска од страна на натпреварувачката комисија за продолжување на првенството, ние како клуб сакаме да го кажеме нашиот став за ова. За разлика од некои други кои имаат еден став во понеделник (18.05) и друг став в петок (22.05), ние како клуб имаме од ист став од почеток: дека нема услови за продолжување на првенството, иако ќе мора да ја почитуваме одлуката. Зошто сметаме дека нема услови? Бидејќи најважната точка за нас е здравјето на играчите, и од одбраната од КОВИД 19, се чини дека Тетово и регионот се претставени како жариште на вирусот, како и од повредите што можат да се појават по толку долга пауза, само еден пример: во германската Бундес лига само во првото коло сега по стартот имаше 9 сериозни повреди.

За жал, во овој случај, фудбалерите кои се ГЛАВНИ и ВАЖНИ актери се третираат како робови. Нека  каже некој дали има волшебник тренер кој може да го подготви својот тим за првенството со само 11 групни тренинзи ?! И треба да играме за 40-дневен период 9 натпревари во првенството и 2 натпревари во купот (за екипите кои се во 1/2 финалето), имајќи ги предвид високите температури во јули, бесмислено.

Комесарот за натпревари се обидува да го оправда плеј-оф системот без испаѓање од лигата, но токму самиот беше против овој предлог на првиот собир со клубовите на 18.05. Имаме неколку прашања за комесарот да биде јасен за да нема дупки во законите и валканите игри кога ќе започне првенството:

-Што ако се појави позитивен играч со Ковид- 19, затоа што епидемиологот кој беше присутен на втората средба со клубовите рече дека ако има само еден позитивен случај, дали тоа значи дека  првенството ќе биде прекинато?

– Што ако клуб по 1 или 2 натпревари е на позиција која му одговара па се појави со позитивен играч само со цел да го запре првенството?!

– Каков протокол има за враќање на играчи од странство, бидејќи мерките се 14 дена изолирање и сакаме да ги имаме на тренинзи?  -Зошто  ќе играат 4-те екипи во плеј-офот, овие натпревари ќе предизвикаат многу сомнежи ?!

-Дали некој клуб може во целост да го испочтува протоколот подготвен од страна на ФФМ?

 Ова се само некои од многуте прашања што можат да се постават, бидејќи има многу незивесности. Се надеваме на крајот дека  ќе победи  фудбалот, а не валканите игри“ се вели во соопштението на ФК Ренова.