АБА-лига сосема очекувано прогласи крај на сезоната без шампион. Оваа одлука доаѓа откако Евролига пред некој ден го стори истото.

Според информации кои доаѓаат од видео-конференцијата на членовите на јадранското натпреварување, нема да има испаѓање, но затоа пак во новата сезона лигата ќе влезат два нов клуба од АБА 2-лига.

Најверојатно тоа ќе бидат првите две пласирани тима, оваа вест е лоша за МЗТ Скопје. Регуларниот дел го заврши на третото место на табелата, зад Борац Чакак и Сплит.

Останува оваа информација и официјално да биде потврдена по завршувањето на состанокот.