Управата на Барселона лансираше специјална серија на заштитни маски на барање на своите фанови. Сепак дел од навивачите овој потег на каталонскиот гигант го оценија како многу лош и мизирен поради цената на маските, која изнесува 17 евра.

Клубот исто така објави дека во зависност од побарувачката, тие се подготвени да понудат уште 9 дизајни на пазарот.

Барселона исто така може да се пофали дека маските се изработени од „100% еколошки памук“.