Денеска на Градскиот стадион во Велес, фудбалерите на Борец означија старт на дополнителните подготовки за продолжување на сезоната. Најпрво, како што се гледа од фотографијата, тренерот Горазд Михајлов одржа состанок со играчите, на кој им беше кажано што ги очекува во текот на претстојните три недели пред пред “рестартот“ на сезоната, кој се очекува да биде на 14 или 17 јуни.

Инаку јасно е дека Борец и во наредната сезона ќе игра во Првата лига на Македонија. Тоа значи дека велешани сега неоптоварени од битката за опстанокот, ќе може во тие четири кола да бараат и пласман во плеј – офот во Првата лига.