И дефинитивно е јасно дека Мајк Тајсон во следните неколку месеци ќе има повеќе егзибициски борби со повеќе боксери. Се споменува тука Ивандер Холифилд, но “бомбата“ доаѓа од В. Британија. Имено Тајсон Фјури, светскиот првак во ВБЦ верзијата добил понаканда ги одмери силите со “Челичниот Мајк“.

“Добив покана да боксувам со Мајк и не можев да верувам. Секако дека кажав да, па кој би одбил таков дуел. Сметам дека иако е престар, сепак е опасен во рингот. Од друга страна кој сум јас да јавно зборувам за било кого. Не сакам да ги уништам соништата на некого“ изјави Фјури.