Фановите на Милан беа шокирани по веста за повредата на Златан Ибрахимовиќ и неговата предвремена пензија поради истата.

Сепак по бројни прегледи, состојбата на шведскиот напаѓач не е толку сериозна. Потврдено е дека 38-годишниот фудбалер има повреда на мускулот, не станува збор за ахиловата тетива.

„Газета дело Спорт“ открива дека Ибра го чека пауза од пет недели, што значи дека на терените ќе може да се врати во продолжението на сезоната во Серија А и да му помогне на својот тим.