Премиер-лигата очекува официјален датум за рестарт, 12 или 19 се опциите, но затоа познати се дневните термини кога би се играле мечевите од првенството, кои преостана да се доиграат. 

Верувајте драги читатели дека не очекува вистинско лудило,  имено ќе можеме, во текот викендот, да гледаме дури 10 ТВ преноси од најсилна лига во светот.

Значи во сабота седнуваш во фотелја, го вклучуваш ТВ од 13 часот и гледаш еден меч, потоа следуваат нови фудбалски доживувања од 15, 17, 18 и 21 часот. Истото тоа планирајте да го правите и во недела. 

Во вторник и среда, ќе се “земат“ сатниците од Лигата на Шампионте, значи мечевите од вонредните кола ќе можат да се следат од 19 и 21 часот. 

Секако дека тоа ќе биде голем ТВ спектакл, нешто невидено досега во фудбалскиот свет. Во “игра“ се речиси милијарда евра, и затоа мора да има фудбал, па макар и само на ТВ.