Утре би требало да биде денот “Д“ за Серија А. Имено утре на седница на Владата на Италија, треба и дефинитивно да се каже дали ќе се даде дозволи да се рестартира првенството кое беше прекинато во март. Најавите се дека премиерот Конти и министерот за здравство Спадафора се за тоа сепак да се игра фудбал.

Инаку, ако сезоната се доигра, познати се можните сатниците  за одигрување на натреварите.

Па така Горан Пандев (Џенова), Илија Несторовски (Удинезе) и Елиф Елмас (Наполи) своите натпревари ќе ги играат од 17 часот, потоа од 19:15 или 21:30 часот. 

Секако дека за ова треба официјална дозвола од властите, посебно ако се знае дека тој вечерниот термин, оној од 21:30 е крајно проблематичен.