Давид Вагнер, тренерот на Шалке 04 изјави дека екипата ќе мора да ја доврши актуелната сезона без Суат Сердар. Напаѓачот се повреди на мечот против Аугзбург и, страдаше неговото колено и нема да биде во можност да помогне.

„Дали е потребна операција ќе биде одлучено до крајот на неделава. За жал, ние не сме екипата која бевме на стартот на сезоната“ – изјави тренерот на Шалке, откако беше прозван што тимот беше еднo време трет на табелата, а сега е дури осми.