Еден од двата дијмантски прстени кои Коби Брајант ги подари на своите родители се најде на нова аукција, овој пат е продаден за повеќе од 200.000 долари. Легендарниот кошаркар кој животот го загуби во хеликоптерска несреќа, во 2000 година купи два индентични шампионски прстени од истата сезона и ги поклони на родителите.

Неговата мајка Памела во 2003 година го продаде едниот прстен, но по долго време истиот се најде на аукција. Почетната цена била 15.000 долари, а според тамошните медиуми стигнала до 200.000 долари.