По цели два месеци тренирање во “карантински“ услови, утринава фудбалерите на Шкендија, на нашиот шампион излегоа на терен и го одработија првиот тренинг на отворено. Се разбира дека првиот тренинг мина под строго контролирани мерки со оглед на пандемијата на Ковид-19, секако дека  се работеше индивидуално, но почеток си е почеток.

На првиот тренинг од оправдани и познати причини не беше Ернст Ѓока. Имено шефот на стручниот штаб се уште е во Албанија каде чека абер од Тетово, кога би можел да дојде во градот под Шара. Па затоа главен од стручниот штаб денеска беше неговиот соработник Метин Далип.

Кога сме кај играчите, треба да се напомене дека сите беа тука, ги немаше само косоварите Ардин Далку и Леард Садриу. Додека останатите странци како Кривак, Мици, Нето беа на тренингот, како и сите останати “домашни“ играчи на македонскиот шампион.