Норвешкиот шампион Елверум, успеа во своите редови да го доведе репрезентативецот на Франција, и еден од најпознатите ракометари на Светот, Лук Абало.

Оваа информација ја објави Елверум на социјалните мрежи, и е по малку чудна, со оглед дека во Норвешка платите се далеку под оние во Франција.

Но, Абало веќе има полни 35 години, и со оглед дека е на залезот на кариерата, можеби и ваков чекор на некој начин е очекуван.