Како што налагаат правилата пропишани како од надлежните институции, така и од Фудбалската Федерација на Македонија, сите прволигашки екипи кои стартуваа со тренинзи мораа да минат низ процесот на тестирање. Денеска тоа го стори и екипата на Академија Пандев, и се надевам нормално дека се ќе мине во најдобар ред. Академија Пандев јавно се заблагодари на Синдикатот на професионални фудбалери на Македонија за обезбедените тестови, како и на вработените од болницата Аџибадем Систина за добро одработениот тест процес.