Актуелниот спортски директор на Севиља Мончи се присети на времето кога заедно со легендарниот Марадона играле за Севиља. Мончи имаше кратка, не многу успешна играчка авантура, а може да се пофали дека играл заедно со Марадона во краткиот престој на Аргентинецот на „Рамон Санчез Писхуан“.

Носев ’фејк’ часовник додека се шетавме низ Барселона, а кога Марадона виде дека е имитација се стаписа. Не можеше да го поднесе тоа. Ме повика во неговиот дом и ми даде “Картиер“. Ми рече: Еве ти убав рачен часовник, за да не се шеташ со тој ’крш’. Таков беше Диего, токму овој пример го дефинира како карактер“, изјави Мончи.

Диего не ги истакна своте можности, а и кратко престојуваше во Севиља (сезона 1992/93). И покрај тоа ги воодушеви сите во клубот – кога ќе ја земеше топката знаеше да ја пренесе напред и имаше силен шут. Од првиот ден се пријателивме, тој сака да се дружи, го отвара срцето за секого“, раскажува сегашниот директор на Севиља.