Фудбалерот Емилиано Сала, трагично го загуби животот на 21. јануари 2019 година, откако неговиот авион со кој патуваше од Нант до Кардиф, се урна во Ла Манш.

Телото на Сала беше пронајдено дури на 7. февруари.

Претходно Сала потпиша договор со Кардиф, и се врати во Нант да ги среди сите формалности, по што се упати повторно кој Кардиф, но никогаш не стигна до таму.

Дејли Мејл вчера објави видео од Сала на потпишувањето на договорот. Оваа снимка е само три дена пред несреќата.

Видеото никогаш порано не било објавено, а сопственикот на снимката се одлучи да го отстапи на „Дејли Мејл“.