Фудбалската федерација на Македонија одлучи македонското првенство да биде завршено на терен, па клубовите уште вчера излегоа на тренинзи, но сепак под посебни услови. Прво беа дезинфицирани просториите, теренот за тренинзи и справите за тренирање, а веќе се почнати и тестирањата на фудбалерите за КОВИД-19.

Мобилна екипа од Аџибадем Систина беше во посета на Фк Академија Пандев и Фк Борец и направени се тестови на сите играчи,стручните штабови и луѓето кои што работат во овие клубови.

Резултатите ќе бидат познати откако примероците ќе бидат обрабодени. Фудбал се очекува идниот месец, а дотогаш фудбалерите неколку пати ќе бидат тестирани и проверувани за коронавирус како што е практика кај другите држави во кои веќе се игра фудбал.