Легендарниот тренер на Црвена Звезда, Љупко Петковиќ, човекот кој на овој клуб му го донесе најголемиот успех Европската титула како тренер, за клупскиот сајт ја коментираше целата таа историска сезона на овој клуб од почетокот па се до големото финале во Бари против Олимпик Марсеј.

Петровиќ вели дека за силата на противникот немал дилеми, и затоа, се одлучил за исклучително дефанзивна тактика, која сепак, на крајот и донесе резултат. Да, Црвена Звезда стана Европски првак по подоброто изведување на пеналите, а секако, во последната серија погоди Дарко Панчев.

„Не можев да го гледам последниот пенал. Го гледав низ прсти. Драган Џајиќ беше до мене, ме прегрна и ми рече, за пет секунди можеби ќе бидеме Европски шампиони. И така и беше. Панчев погоди, и јас само се завртев кон трибините. Огромно славје, огромна радост. На улиците на Белград имаше стотици илјади навивачи. Тоа беа незаборавни времиња. Да не се случеше војната и распадот на Југославија, Црвена Звезда ќе владееше со Европа уште неколку години“ – изјави Петровиќ.