Денеска од 16 часот и фудбалерите на Ренова ќе означат “рестарт“ по речиси двомесечна пауза. Најпрво, како и сите останати клубови, според протоколите на ФФМ и Министерството за здравство, ќе работат во помали групи. За да потоа како што ќе се наближува 14 или 17 јуни за кога е закажано продолжението на тековната сезона, шефот на струката Бујар Ислами со своите играчи ќе работи на воигрување на тимот и секако подигање на формата.

Како што сме информирани од страна на канцеларијата на Ренова, сите играчи кои се под договор ќе присуствуваат на првиот тренинг, а ќе се работи, да кажеме уште еднаш, во групи. Ќе го нема само косоварот Алуш Гавазај.

Инаку во сабота наутро сите фудбалери на Ренова, како и стручниот штаб, ќе бидат подвргнати на корона – тестот.