Насловната страница на престижниот Туроспорт вели дека Јувентус летово ќе менаџира со дури единаесет фудбалери кои можно е да бидат продадени или пак да бидат дел од некакви трампи или размени со други клубови.

Тоа се според овие информации Миралем Пјаниќ, Марко Пјаца, Матиа Перин, Даниеле Ругани, Лука Пелегрини, Матиа Де Шиљо, Кристиан Ромеро, Адриен Рабио, Гонзало Игуаин, Роландо Мандрагора како и членот на У23 тимот Стефи Мавидиди.

Нормално со продажба односно ослободување од сите или дел од овие играчи Јуве ќе направи простор за оние кои сака да ги доведе и да го засили тимот.