Иако годинава по цели 35 години требаше да се одржи Формула 1 трка во Холандија, истата поради пандемијата од Коронавирусот е откажана.

Последниот Формула 1 настан во оваа земја се одржа далечната 1985 година и на него победи Ники Лауда, а годинава на 5 мај требаше да се возобнови големата награда на Холандија.
Сепак, овој настан ќе почека минимум до следната година, пред се затоа што организаторот инсистираше истиот да се одржи пред публика. Сепак, бидејќи тоа во моментов не е можно Холандија ќе мора да почека за да биде одново домаќин на најголемиот автомобилски настан на планетава.