Откако стана јасно дека Беласица идната сезона ќе обезбеди прволигашки статус, со оглед на моменталното прво место на табелата, на својот профил на „Фејсбук“ се пофалија струмичани со фотографија со сите играчи, и наслов „We are back”.

После една сезона, Беласица одново ќе биде прволигаш, а Струмица повторно ќе има дерби меѓу Академија Пандев и Беласица.

Идната сезона Првата лига ќе брои 12 екипи.