Добри вести од Велес односно Струмица. Ковид тестовите за Ковид 19 кои ги направија во текот на вчерашниот ден екипите на Академија Пандев и Борец се негативни.

Одлична вест за двата тима, со оглед на фактот што многумина процесот на рестарт на домашниот шампионат им беше ризичен, но ете полека но сигурно ситуацијата се става под контрола.

Речиси сите екипи направија тестови, нема позитивен од резултатите и тоа е одличен старт на подготовките за продолжување на актуелната сезона.