Тимовите кои се заинтересирани за голгетерот на Лајпциг, Тимо Вернер, се „редат“ како на лента. Ливерпул е се чини најблиску до неговите услуги, меѓутоа во игра се и неколку други тима како што се Манчестер Јунајтед, Челзи, Интер…

Токму Интер е „песимист“ околу можноста за Вернер да пристигне во Италија. Тоа го откри и спортскиот директор Пјеро Аусилио.

„Ќе бидам искрен. Мене ми се допаѓа, нашите скаути направија одлична работа, но тој нема да дојде во Интер. Ги знам неговите планови и нема да го потпишеме, ниту некогаш сме преговарале“, откри Аусулио.