Предмалку заврши седницата на УО на ФФМ на која беа донесени неколку значајни одлуки поврзани со мак- фудбалот.

Покрај останатите, најважно е што во следната сезона ПМФЛ ќе брои 12 екипи и ќе се игра по трикратен систем. Нови прволигаши се екипите на Пелистер и Беласица, првопласираните на истокот и западот пред прекинот во двете конкуренции.

Во врска со влегување во Втората лига, ќе има баражи. Но затоа во детали наскоро ќе искочи и ФФМ со свое соопштение.