Дали погледот изневерува, дали Горецка навистина за кратко време се направи „тенк“, или, пак, земал некои суплементи?

Ова третото е малку веројатно, затоа што се знаат допинг контролите, особено во Германија.

Но, фотографијава покажува каков „ѕвер“ се направил играчот на Баерн Минхен. Се претпоставува дека оваа трансформација на Горецка е за само неколку месеци, односно сликата од лево е од март каде се гледа дека нема толку мускули особено на рацете, додека оваа од десната страна е од последниот меч на „Баварците“. За два месеци ваква трансформација?

Проценете сами за што станува збор.