Адам Марушиќ можеше да направи трансфер во ПСЖ, меѓутоа тоа тешко дека ќе се случи. За Црногорецот веќе долго време има интерес од Париз, ама Лацио не сака да чуе за трансфер.

Така римскиот тим јасно му даде до знаење на фудбалерот да заборави на трансфер во тимот од Париз.

Лацио доби понуда од 15 милиони евра плус бонуси, но италијанскиот тим ја одби. Тешко дека Лацијалите ќе се одлучат за продажба и во случај тимот да понуди повеќе.

Тој има договор со Лацио до 2022 година.