Полскиот премиер Матеуш Моравиецки најави дека од 19 јуни ќе биде дозволено присуство на навивачи на фудбалските натпревари во земјата, но само до 25 проценти од капацитетот на стадионот каде се игра мечот од тамошната фудбалска лига.

„Ќе гарантираме дека ќе бидат почитувани сите неопходни здравствени мерки и дека нема да има редици при пристигнување на стадионите. Исто така, гледачите на трибините ќе бидат распоредени според сите поставени здравствени стандарди“, рече Моравиецки.

Претседателот на полската фудбалска асоцијација, Збигњев Бониек, додаде дека на почетокот само домашните навивачи ќе имаат дозвола да доаѓаат на стадионите.