Австрија беше еден од ривалите на Македонија на минатите квалификации за пласман на ЕП 2020 година, кое ќе се одигра идната година.

Франко Фода, селекторот на оваа земја, поради добрите настапи и обезбедување на учество на собирот на најдобрите репрезентации од Европа, доби продолжување на договорот со австрискиот национален тим. Со новиот договор, тој ќе остане на клупата до крајот на квалификациите за СП 2022 година.

Фода има клаузула која вели дека при пласман на Мундијалот во Катар, автоматски му се продолжува на уште две години. Во спротивно, ќе има преговори за продолжување на соработката.