Како што и најави вчера СПОРТМЕДИА, ФК Работнички утринава се тестираше на Ковид-19, нешто што мора да го направи секој клуб во ПМФЛ пред рестартот на сезоната 2019/2020. Во организација на Синдикатот на фудбалери и болницата Аџибадем Систина, “романтичарите“ беа подвргнати на корона – тестови.

Резултатите допрва ќе се знаат, а најважно е тоа што фудбалерите по тестирањето го одработија и првиот официјален тренинг.

Како што напоменавме, во отсуство на шефот на струката Ратко Достаниќ, тренинзите во прво време ќе ги води неговиот помошник Баже Илијоски. Секако дека прво ќе се тренира во групи, во согласност со протоколите на ФФМ и државните власти, строго држејќи социјална дистанца.