Со натпреварот меѓу Аталанта и Сасуоло на 19. јуни, треба да започне Серија „А“. Ова се прогнозите на италијанските медиуми, додека се чека официјалниот календар кој ќе биде објавен во понеделник.

Натпреварот ќе се игра во Бергамо, еден од најпогодените градови од коронавирусот.

Потоа на 20. и 21. јуни треба да се играат заостанатите натпревари од 25. коло меѓу Интер – Сампдорија, Торино – Парма и Верона – Каљари, а натпреварите од 27. коло би се играле од 22 до 24 јуни.

Во понеделник ќе се расправа и за одигрување на финалето Купот кој е закажан на 17. јуни, но се очекува да биде поместен за друг термин. На 13 и 14 јуни би требало да се играат полуфиналињата.