На денешен ден пред 29 години, Дарко Панчев, фудбалерот на векот во Македонија, го постигна својот најважен гол во својата кариера. 

Финале во Купот на Шампионите, Ц. Звезда – Олимпик Марсеј, стадион “Свети Никола“ во Бари. Петта серија од пеналите, а Македонецот Дарко стрела за европската круна на белградските “црвено – бели“. За најголемиот фудбалски успех во историјата на екс- Југославија.

И кој, ако не Дарко Панчев. Во тој тим на Ц. Звезда значајна улога имаше и Илија Најдоски, па така белградскиот тим на “македонски погон“ стигна до европските фудбалски височини.

Слушнете само како коментаторот Милојко Пантиќ го извикува името на Панчев.

Како вчера да беше, ех, а минаа точно 29 години…

Да се потсетиме во чест на “Кобрата“, на еден од најдобрите центарфори во историјата на фудбалот на овие балкански простори, ако не и најдобар.