Лесно му е на Баерн Минхен кога во своите редови го има Роберт Левандовски. Полската ГОЛ – МАШИНА во дресот на баварците вечерва во два наврати ја затресе мрежата на Фортуна. Супер  Лева просто урива рекорди. Засега има 29 голови, тука ги сметаме и овие два вечерва, на 29 натпревари во годинашната сезона во Бундеслигата.  Со овие два гола сега има 43 голови во сите натпреварувања сезонава,  и се разбира дека е прв стрелец во светот.

Интересно е тоа што со овие два гола Лева направи нешто несекојдневно. Тој на сите останати 17 клубови во Бундеслигата им има дадено макар по еден гол.

Ова не е случајно. И ако вака продолжи секако дека има големи шанси да урне дел од рекордите и на Герд Милер, легендата на Баерн и на Германија.

На крај да споменеме дек администраторот на ФБ профилот на Баерн, му го смени презимето на Роберт во ЛЕВАНГОЛСКИ.

Симпатично..