Српскиот интернацоналец Сергеј Милинковиќ Савиќ е на добар пат да заврши во Париз. ПСЖ е спремен за него да плати цели 60 милиони евра, што е далеку од оние 100 кои Лацио ги бара за него, но и времињата пред и по кронавирусот не се веќе исти. Па така, некогаш сто милионски Србин кој патем го „меркаат“ и Челзи, Јунајтед и Манчестер Сити, би можел да заврши во Франција.

Тамошните медиуми оваа информација ја форсираат веќе два дена што значи дека можно е наскоро сето ова да се обвистини.

Инаку Милинковиќ Савиќ сезонава во Италија постигна пет гола и забележа седум асистенции.