Нема што, овој Баерн Минхен мора да е од некоја друга планета. Како ли играат момците на тренерот Ханс-Дитер Флик? Фантастично, моќно, ги „торпедрираат“ своите ривали. Па така вечерва, во рамките на 29. Коло во Бундеслигата, на празната “Алианц Арена“ баварската гордост со 5:0 славаше над Фортуна Диселдорф. За нова победа, за нови три бода, па така сега Баерн Минхен и бега на Борусија Дортмунд дури десет бодови, но и меч повеќе. Титулата е тука, пред вратите на Баерн.

Домаќинот поведе со 1:0 во 15.минута со автоголот на Јоргенсен, потоа следуваше голот на Павард, па првиот погодок на гол-машината Левандовски, па така со 3:0 се замина на пауза.

Баерн тука не застана, и на почетокот на вториот дел тргна силовито. Па така во 50. и 52.минута Левандовски и Дејвис стрелаа за 5:0.

Штета што Баерн игра пред празни трибини, навистина има што да се види од овој тим.