Со оглед на тоа дека футсал првенството и дефинитивно нема да се доигра, Шкупи нема да биде прогласен за официјален шампион на Македонија за сезоната 2019/20. Иако актуелниот првак од лани беше прв и тоа убедливо, прописите наложуваат дека сезоната поради пандемијата со Ковид-19 мора да се прекине, а тоа значи дека не може да има и официјално прогласување на првак и доделување на пехарот. Ова ни го потврдија и од самиот клуб:

“Да, за жал така е. Првенството не може да продолжи од познати причини, затоа е таква одлуката на УО на ФФМ. Тука нема што многу да се дискутира. Секако дека жалиме, убедливо бевме први на табелата и заслужуваме да бидеме одново официјални прваци на Македонија. Но што да се прави, за се е виновен коронавирусот. Ни останува само можноста да кажеме дека сме морални шампиони и да се радуваме на фактот дека од есен одново ќе ја претставуваме Македонија во европските футсал натпреварувања“, изјави за СПОРТМЕДИА,  Бесник Шабани, портпаролот на Футсал Шкупи.