Поранешната македонска репрезентативка Марија Штериова заврши со Баја Маре и веќе има нова дестинација. Останува во Романија, а нејзиниот иден клуб ќе биде Глорија Бузау.

Штериова е поранешен лев бек на Кометал, Вардар, играше за клубови во Унгарија, Турција, а во Романија освен за Баја Маре настапуваше и за Дунареа.

Романски „Проспорт“ пишува дека покрај Штериова во Бузау ќе оди уште една ракометарка на Баја Маре – Оана Кирстеа.

Баја Маре ќе ја напушти и една од најдобрите ракометарки Кристина Ласло, која одби нов договор.