Создавањето и ангажирањето на млади македонски ракометари е идејната цел на ракометниот клуб Голден Арт КЛ7. Клуб кој вложува и дава можност на талентирани млади играчи да покажат и докажат дека може да се игра и да се постигнуваат резултати и со домашни играчи.

Во следните две години клубот се засилува со битолчанецот кој има европско искуство, Андре Буторац, играч на позиција десен бек, роден 2001 година а минатата година беше дел од суперлигашкиот тим Пелистер од Битола.

Исто така, Голден Арт КЛ7 го продолжи договорот со голманот Андреј Петковски на уште две години, кој е во клубот од декември минатата година. Тој е наш младински репрезентативец роден 2001, кој до сега има настапувано и за ракометните клубови Вардар Јуниор и Работнички, екипи кои се натпреваруваа во Супер лигата.