Клубот од “Сан Сиро“ очајно бара начин како да го засили својот среден ред. Во изминатиов период на корона кризата, се споменуваа повеќе имиња, а најновото е дека Милан го посакувал мега талентот на Сент – Етјен Билал Бенкедим.

Станува збор за млад креативец на играта на францускиот тим, кој има само 19 години и важи за голем потенцијал. Покрај миланезите, за услугите на Бенкедим биле заинтересирани и уште неколку познати европски клубови. Валенсија и Ница би сакале да го ангажираат веднаш, но како што се напоменува, Милан бил најблиску до неговиот потпис.