Веќе е познато дека првиот човек на бугарската кошаркарска федерација, Георги Глушков му предложи на првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ да формираат регионална лига во која ќе учествуваат најдобрите тимови, а притоа истото натпреварување нема да се одрази на квалитетот на домашните шампионати.

Овој план на Глушков на големо се подготвува, покрај бугарски и македонски екипи, учество ќе земат тимови од Србија и Грција.

„Работиме на овој проект, постојано сме во контакт со федерациите, можно е да се приклучат екипи од Грција и Србија“, изјави Глушков, кој најдоцна до 15. јули ќе го изнесе целиот план.

Вакавите најави може да се одразат негативно врз АБА-лигата која постои од 2001 година.