Шпанскиот шампион Барселона излезе со реакција после најновите случувања во светот, поточно во Соединетите Американски Држави после убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од полицаец во Минеаполис. Во САД се случуваат масовни протести за искоренување на расизмот, а се повеќе фудбалери дадоа знак на поддршка на протестантите и побараа правда за Џорџ.

Во Барселона исто така излезе со своја позиција за расизмот.

Расизмот како форма на дискриминација, која ги понижува и маргинализира луѓето поради нивниот пол, сексуалната ориентација или бојата на кожата е еден вид на пандемија. Во Барселона нема да престанеме да се бориме против неа. Тоа е наша обврска“, напишаа Барселона.