Фудбалскиот шампионат на Словенија ќе продолжи викендов, а до тогаш прволигашите играат пријателски натпревари. А токму на еден таков меч падна и спектакуларен гол. Мура играше против второлигашот Доба и победи со 4:0. А мечот го одбележа голот на Нино Кутер кој погоди буквално од центарот на теренот.

После изведување на почетниот удар на стартот на вториот дел Кутер го лобуваше голманот на противникот и погоди за 2:0. Погледнете!