✍️ Подготви: Марија Ковачева


‼️ 💬 Вардар е институција за сите ракометни играчи, па кога имате понуда да играте за еден ваков тим, едноставно не можете да размислувате поинаку, освен да ја прифатите истата.

‼️ 💬 Навивачите на Вардар можат да бидат сигурни дека ќе работам многу и ќе се обидат да се адаптирам во брзо време и ќе им пружам среќа.

‼️ 💬 Кирил Лазаров е мастер-класа во овој спорт како играч, но и како личност.

Искуството и младоста треба да бидат доволни за да мрежата на Вардар во новата сезона биде сочувана. Робин Кантегрел го затвори голманското прашање на актуелниот освојувач на титулата во Лигата на шампионите. Младиот Французин кој има одлични бројки зад себе за СПОРТМЕДИА ги пренесе очекувањата, вели дека менатлитетот кој го краси Вардар бил доволен да го промени планот и да се пресели во Скопје.

Според разговорот слободно можеме да кажеме дека во „црвено-црниот“ дрес доаѓа голман кој е гладен за успех, полн со самодоверба и подготвен за нова европска битка.

🤾‍♂️ 🔴 Што беше клучно да потпишеш за Вардар, кои се твоите очекувања?

„Вардар е институција за сите ракометни играчи, па кога имате понуда да играте за еден ваков тим, едноставно не можете да размислувате поинаку, освен да ја прифатите истата. Доаѓам во тим кој е актуелен освојувач на Лигата на шампионите, доаѓам во овој клуб со една цел, да освојам се што може да се освои, практично ова е менталитетот и културата на Вардар.

Мислам дека не можете да бидете дел од ваков проект доколку не сте 100% одлучни и гладни. Кога ја почнав мојата професионална кариера му ветив на мојот татко дека ќе играм во Лигата на шампионите, и еве ме, на 25 години успеав во тоа, но секако ќе треба големо трпение и работа“.

🤾‍♂️ ⚫ Какви информации имаше за Скопје и за фановите?

„Само што купив книга за Скопје, сакам да научам што повеќе за градот, културата, луѓето, навистина сум нетреплив, едвај чекам да ја запознаам новата средина.

Она што го знам е дека фановите на Вардар прават неверојатна атмосфера, едвај чекам од близу да ја видам оваа вардарова страст и лудило. Веќе добив пораки за добредојде и навистина сум им благодарен на сите“.

🤾‍♂️ 🔴 Дали пред да донесеш одлука се консултираше со некого за Вардар и за Македонија, можеби со Кирил Лазаров?

„Со Кирил почесто се гледавме само за време на натпреварите, па имавме малку време да разговараме. Тој беше запознаен со мојата мотивација и одлучност да се приклучам на Вардар, од него добив само позитивни препораки за мојот план. Тој е мастер-класа во овој спорт како играч, но и како личност“.

🤾‍♂️ ⚫ Кои беа твоите планови, дали претходно мислеше дека ќе потпишеш со еден тим како што е Вардар?

„На прв момент верував дека мојата кариера ќе ја продолжам во Франција во Првата дизвија, но кога добив понуда од Вардар, не се двоумев, веднаш ја прифатив.

Искрено не очекував дека ќе ја напуштам Франција толку брзо. Сепак, оваа одлука е добра за моите амбици. Како што кажав сакам да играм во Лигата на шампионите на 25 години, ова е одлична шанса повторно да се најдам на списокот на националниот тим на Франција, секако доколку сум сериозен и ефективен со новиот тим. Минатата година се најдов на списокот во квалификациите за ЕП 2020“.

🤾‍♂️ 🔴 Што може да очекува македонската публика од тебе?

„Фановите на Вардар имаат право да очекуваат многу одбрани и максимално вложување на секој натпревар. Среќен сум што можам да работам и напредувам со еден тренер како Дејан Периќ, кој е мастер-класа и неверојатен голман.

Навивачите на Вардар можат да бидат сигурни дека ќе работам многу и ќе се обидат да се адаптирам во брзо време и ќе им пружам среќа“.