На денешен ден пред една година, Вардар по неверојатен пресврт ја совлада Барселона на Ф4 во Келн и се пласираше во финалето. Овој меч ќе остане запишан во историјата на фајнл-фор завршниците, љубителите на ракометот долго време ќе го паметат.

Дел од оваа генерација на Вардар се пристетија на овие денови. Игор Карачиќ на својот „Фејсбук“ профил сподели фотографија со пехарот од СЕХА-лига, потсетувајќи каква сезона имаа „црвено-црните“. Навивачката група „Комити“ му испратија порака на својот миленик.