Во Лос Анџелес има протести по убиството на Афроамериканецот, Џорџ Флојд од страна на полицијата. Дел од познатите личности преку социјалните мрежи го изразија својот револт, но Американците одлучија да излезат низ улиците.

Токму во знак на револт излегоа бројни графити, а дел беа уништени. Само една работа остана недопрена. Станува збор за муралите во чест на Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи. Со овој гест, граѓаните на ЛА покажаа колку ги почитуваат и ги сакаат.