Есенскиот првак РБ Лајпциг го победи Келн со 4:2 во последниот меч од 29. коло во германската Бундес лига и го продолжи походот кон „салатарата“. Тимот предводен од Јулијан Нагелсман успеа да ги добие „јарците“ на нивен терен со пресврт.

Кордоба во 7. минута го доведе Келн во водство, а до крајот на полувремето гостите свртеја со головите на Патрик Шик и Нкунку.

Само што почна второто полувреме Тимо Вернер зголеми на 3:1 за Лајпциг, а пет минути подоцна Модесте намали за Келн. Но малку траеше надежта на домашните играчи дека можат да направат нешто затоа што прецизно стрелаше Дани Олмо, шпанскиот фудбалер кој зимоска дојде од Динамо, а ова е неговиот прв гол во дресот на „биковите“.

РБ Лајпциг веќе 10 кола по ред не знаат за пораз. Од поразот од Ајнтрахт на 25 јануари, „биковите“ имаат шест ремија и четири победи.

А тренерот Јулијан Нагелсман нема пораз од Келн. Сега неговиот биланс против „јарците“ е пет победи и две ремија.

Standings provided by SofaScore LiveScore