Како и шпанската престолнина Мадрид, сега и Париз ќе има свој Атлетико. ФК Гобелинс од сега ќе се нарекува Атлетико Париз, а освен што го промени името го претстави и новото лого, кое пријатно ги изненади навивачите.

„Оваа сезона прв пат се соочивме со покраински тимови и често не прашуваа за ова име (Гобелинс), дали тоа е улица или кварт. Со оваа промена на логото може да порасне бројот на луѓе кои слушнале за нас. А и името Атлетико звучи помоќно и интересно е во смисол на маркетинг. Сакаме дополнително да растеме.Утврдувањето на нашиот париски идентитет е срцето на нашиот проект. Во последните неколку години клубот доживеа подем. Сакаме да растеме и да се развиваме, а ова е уште еден чекор да го кренеме клубот“, вели претседателот на клубот Фредерик Переира.