После испаѓањето од шкотската Премиер лига четирикратниот шкотски шампион Хартс отпушти дури 12 фудбалери, а притоа врати тројца кои беа на позајмица. „Срцата“ од Единбург решија да прават нов тим кој идната сезона ќе се обиде да се врати во елитната дивизија. Па така шут-карта добија Оливер Божаниќ, Клевид Дикамона, Стивен Меклин заминуваат откако не добија решенија за продолжување на договорите. Раскин на соработката добија Донис Авдијај, Марсел Лангер кои потпишаа во јануари, а одиграа само три натпревари.

Клубот не смета и на „резервистите“ Џеј Нванзе, Броди Странг, Даниел Баур, Алекс Петков, Келби Мејсон, Дин Ричи и Рори Кири.

Се враќаат Мешино и Переира кои беа на позајмица во Манчестер Сити односно Манчестер Јунајтед, како и Тоби Сибик од Барнсли.

КЛубот остана и без стручен штаб. Менаџерот Крег Левен доби отказ во октомври, но беше вратен да работи со првиот тим, па сега заминува заедно со помошниците после истекот на договорот.

Хартс има четири шампионски титули во Шкотска (последната во 1960 година), беше вицепрвак во 2006 година, а досега неколку пати играл во понизок ранг, поточно во Чемпионшип дивизијата. Последен пат тоа беше во 2015 година.

Интересно, и покрај тоа што испадна Хартс стигна до полуфиналето на Купот и Лига купот кои не се одиграа поради пандемијата на коронавирусот. Токму поради корона, шкотскиот шампионат беше прекинат, а Хартс со најслаб ефект доби „виза“ за Втората лига.